КАФЕ ПАУЗА

Диета според хороскопскиот знак

Диета според хороскопскиот знак

Автор: Моника ДимитровскаrnrnОвој период е идеален за намалување на телесната тежина. Астрологијата идентификува четири основни вида во хороскопот според кои знаците се делат, а тоа се оган, земја, воздух и вода.rnrnДоколку сте во период на слабеење, прочитајте како се врзува тоа за вашиот хороскопски знак според видот во кој спаѓа.rnrnДиета според хороскопскиот знакrn

Огнени знаци – Овен, Лав, Стрелец

rnОгнените знаци брзо слабеат. Лесно се одлучуваат за држење диета, но тешко ја издржуваат докрај. Тие имаат најмал степен на виталност и енергија. Се препорачува да се одлучат за диета базирана на протеини, многу месо, без масло, со зеленчук и редовно да спортуваат за диетата да има ефект.rnrnЌе постигнат голем ефект доколку ја одржуваат диетата во летниот период.rnrnТреба да избегнуваат зачинета храна и црвено месо.rn

Земјени знаци – Бик, Девица, Јарец

rnЌе се држат строго до диетата и физичката активност сѐ додека не ги постигнат посакуваните резултати. Такви се земјените знаци, упорни, малку предвидливи и досадни, но покажуваат практични резултати и со својата тврдоглавост можат да симнат и дваесет килограми.rnrnСе препорачува да јадат овошје, салати, зелје, варен зеленчук со зачини, природни и густи сокови, сирење, путер, нерафинирани житарици, супи и чаеви за слабеење кои имаат голем ефект кај нив.rnrnТреба да избегнуваат тешки диети кои се базираат на протеини, сурова храна и газирани пијалаци.rnrnЗемјените знаци имаат потреба од исхрана што се базира на една кинеска поговорка: Појадувај сам, ручај со пријателот, а вечерај со непријателот.rn

Воздушни знаци – Близнаци, Вага, Водолија

rnВоздушните знаци лесно се стимулираат себеси доколку сакаат да ослабат или да почнат со физичка активност. Ги сакаат брзите диети, а најмногу јадат навечер.rnrnПокрај потење во теретана, додека се придржуваат до одредена диета, на овие знаци им одговараат масажи, солариум и јога за да се релаксираат и да заборават колку им недостасува чоколадата.rnrnСе препорачува да јадат лесно парен зеленчук, ореви, ѓумбир, јогурт, кефир и лук.rnrnТреба да избегнуваат житарици, рафиниран шеќер и сурова храна.rnrnТелесната тежина на овие знаци е превртлива како нивниот карактер.rn

Водени знаци – Рак, Скорпија, Риби

rnВодените знаци се чувствителни на нивната животна средина, и се подложни на вируси, габи и бактерии. За да ја постигнат посакуваната тежина способни се и да гладуваат со денови. Им одговара лесна кујна бидејќи имаат бавен метаболизам.rnrnСе препорачува да јадат парен зеленчук, грав, риба, овошје, пченица, ориз, алги, млечни производи и природни шеќери.rnrnТреба да избегнуваат мрсна храна, слатки, леб, сол, морков, целер и зелка.rnrnИсто така треба да пијат многу вода.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.