4 тренди модни комбинации за на ниски температури
Некогаш е тешко да останете тренди кога температурите се застрашувачко ниски. Но нема причина да не се чувствувате удобно и модерно без оглед на ладното време. Трикот е во зимските аксесоари и топлите џемпери. Ова се 4 предлог-комбинации, задолжителни за девојките кои сакаат да бидат модерни и да се чувствуваат удобно на ниски температури.
Тренди и карирано
На ниски температури задолжително започнете со дебели хулахопки. Потоа одберете ја вашата омилена кошула, тесни фармерки и макси џемпер. Топлиот капут и удобните обувки се задолжителни, а изгледот „зачинете“ го со плетена лента за на глава, дебел шал и ракавици.
Топло и женствено
Започнете со кремасти панталони и туника на риги, и секако доколку е многу ладно одберете дебели хулахопки. Долга зимска јакна со каиш кој го истакнува струкот и чевли со крзно, ќе му дадат женственост на овој навидум обичен и секојдневен изглед. Секако, ракавиците и капата се задолжителни аксесоари.
Смели на ниски температури
Никој не ви забранува да ги покажете нозете кога времето е ладно, само прво осигурете се дека сте одбрале доволно топли хулахопки или хеланки. Потоа одберете долга туника или џемпер под кој можете да облечете обична блуза за да ви биде потопло. Долга црна јакна, може и кожна, и црни високи чевли се одличен избор за овој изглед, кој може да го надополните со плетен шал и зимска капа со некаков принт за да разбиете монотонија.
Снежно и слатко
Овој изглед е совршен за на снег. Повторно започнете со дебели хулахопки и едноставни фармерки, потоа одберете бела кошула и џемперче со интересен принт. Завршете го изгледот со долга јакна со крзно, високи чизми и плетена капа, кои кажуваат дека кул девојката е подготвена да чекори по снегот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.