Каков пол ќе биде вашето дете?

Сподели

На полот на бебето можат да влијаат многу фактори од животот на идните родители. Проверете какви ви се шансите за машко или за женско дете според овие 7 релевантни показатели.

Реклама

rn

1. Колку години имате?

rnДоколку сте останале бремена во подоцните години од животот, имате поголема шанса да станете мајка на девојче. Научниците имаат утврдено дека жените постари од 35 години кои имаат партнери постари од 40, често добиваат дете од женски пол заради влијанието на хормоните во женското тело во тој период и квалитетот на сперматозоидите. Имено, телото на мажите постари од 40 години произведуваат помалку сперматозоиди кои се заслужни за раѓање машки деца. Исто така ретките сексуални односи доведуваат до тоа да дојде до оплодување во средината на плодните денови кога се зачнуваат девојчиња.rn

2. Дали живеете со партнерот?

rnЕдно истражување во кое учествувале 86.000 родители, покажало дека паровите кои живеат заедно нешто почесто раѓаат момчиња. Утврдено е дека малку повеќе од половина од испитаниците кои живееле заедно со партнерот (51%) на свет донеле машко дете, но науката сè уште не успеала да одговори на прашањето зошто тоа се случува.rn

3. Дали чувствувате мачнина?

rnАко чувствувате мачнина повеќе одошто имале вашите пријателки во нивната фаза на бременост, можно е да станете мајка на девојче. Според 13 различни истражувања, утврдено е дека 55% од бебињата родени од страна на мајки кои во текот на бременоста се жалеле на мачнина – биле женски. Стручњаците веруваат дека причината за мачнина е поврзана со покаченото ниво на естроген во крвта.rn

4. Живеете заедно помалку од една година?

rnАко врската е сè уште свежа и возбудлива, поголема е веројатноста дека ќе уживате во почест и страстен секс. Честите сексуални односи ја прават спермата полесна – ваквите сперматозоиди имаат помали глави и пократки опаши, пливаат полесно низ помалку „гостопримливата“ плодна слуз, што обично е случај на почетокот и на крајот на плодните денови од циклусот. Ваквите сперматозоиди се задолжени за „правење“ машки деца, додека оние кои стигнуваат до јајце-клетките во средината на циклусот се одговорни за зачнување девојчиња. Честиот секс ги зголемува шансите да се зачне во првите или во последните саати на плодните денови, па веројатноста мајката да му се радува на машко дете се поголеми.rn

5. Сте го зачнале бебето во зимскиот период?

rnВо некои земји, повеќе девојчиња се зачнати во текот на зимските месеци, додека пак бројот на момчињата зачнати во текот на летото е поголем. Ова е дури забележано и во животинскиот свет. Објаснувањето за овој феномен може да се најде во бактериските инфекции кои често се јавуваат во текот на зимата, а сперматозоидите кои даваат момчиња и машки ембриони се послаби од женските, заради што мајките кои зачнале зимно време почесто добиваат девојче.rn

6. Дали сте под стрес?

rnСтатистиката покажува дека момчиња се раѓаат за време на непрекинат стрес, како што било случај во воените периоди. Науката го објаснува овој феномен со покаченото ниво на тестостерон и кортизол што се случува при долготраен стрес.rn

7. Со што се занимава таткото?

rnСпроведени се повеќе истражувања во врска со поврзаноста помеѓу работата на таткото и полот на детето. Тие покажуваат дека работата која подразбира загадување и стресни ситуации може да резултира со раѓање девојче. Повеќе шанси да имаат девојче се и татковците кои работат и како професионални возачи, пилоти, нуркачи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира