КАФЕ ПАУЗА

Жешки чоколадни камчиња

Жешки чоколадни камчиња

Овие чоколадни колачиња се одличен начин да ја изненадите вашата најсакана личност. За роденден, годишнина, Свети Валентин или онака, без причина, како што е секогаш најубаво, изборот е ваш. Особено се погодни за посилниот пол затоа што се многу лесни за подготовка, а девојките дефинитивно „ќе паднат“ на нив и на гестот. Со добра храна полесно се доаѓа до женското срце, нели?Жешки чоколадни камчињаПотребно е:rn

    rn011

  • 230 г чоколадо со 60% какао маса
  • rn011

  • половина лажиче чили во прав
  • rn011

  • прстофат сол
  • rn011

  • 1/2 шолја (240 мл) хопла
  • rn011

  • какао за валкање
  • rn

rnПодготовка: Чоколадото исечете го на помали коцки. Ставете го во сад и додајте ги солта и чилито. Во тенџерче ставете ја хоплата и почекајте да зоврие. Кога ќе зоврие, претурете ја хоплата врз чоколадото и почекајте 3 минути без да мешате. По три минути, измешајте ја смесата со дрвена лажица додека не стане мазна. Готовата смеса истурете ја врз пластична фолија и завртете ја како салама или како што ќе ви биде згодно. Ставете го чоколадото во замрзнувач и оставете го неколку часа додека не се стврдне убаво. Потоа, извадете го чоколадото и извадете ја фолијата. Од чоколадото сечете коцки со димензии по ваш избор (не ги сечете прецизно и со точни големини, сепак се викаат камчиња, нели?). Камчињата извалкајте ги во какао.Жешки чоколадни камчиња