КАФЕ ПАУЗА

Како визуелно да го смалите подбрадокот со шминка?

Како визуелно да го смалите подбрадокот со шминка?

Подбрадокот за жал не може сосема да се скрие, но со помош на некои мејкап-трикови може визуелно да се смали.rnrnКако визуелно да го смалите подбрадокот со шминка?rn

Потемна пудра

rnЗа да постигнете добар резултат, потребна ви е пудра за две нијанси потемна од онаа која ја користите. Најпрво нанесете подлога која совршено одговара на вашиот тен. Потоа, од потемната пудра нанесете на брадата и по целата линија на вилицата, притоа со помош на сунѓерче или со прстите размачкајте ја убаво за да се претопи со пудрата што ја имате на остатокот од лицето. Многу е важно да не се познаваат граници.rn

Бронзер на деколтето

rnДруг трик е да нанесете матиран бронзер на деколтето, односно на торзото веднаш под работ на вратот, со што ќе го одвлечете вниманието од вашиот подбрадок. За да изгледате природно, од истиот бронзер нанесете и на образите.rn

Усни и очи

rnЗа да го скриете подбрадокот колку што е можно, исто така треба да знаете дека не треба да ги шминкате усните во нападни и јаки бои, туку во неутрални нијанси. Кога станува збор за очните капаци пак, за дневен мејкап најдобро е да користите неутрални сенки и маскара, додека за вечерен изглед, изберете ефект на зачадени очи.rnrnНа крај, не заборавајте дека главата треба да ја држите исправено, да гледате право пред вас. Исто така кога се фотографирате, главата држете ја право, малку странично и подбрадокот на фотографиите или нема да се познава или пак ќе изгледа многу помал.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.