Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци
Тексасот е материјал од безвременски вид. Се носи секоја година, во секоја сезона и може да се комбинира за различни прилики. И покрај тоа што е карактеристичен за брендовите кои ја диктираат уличната мода, сè поприсутен станува и помеѓу креациите на луксузните дизајнери.
Дека тексасот премина во високата мода доказ се најновите трендови од модните куќи кои ги најавуваат пролетните колекции за 2014-та. Еден специфичен тренд во оваа насока е т.н. denim on denim во кој тексасот се комбинира со тексас. Луј Витон, Александар Мекквин, Кристифер Кејн се дел од модните компании кои го предлагаат овој вечен тренд во нова варијанта.
Па така, веќе имаме можност да ги видиме модните додатоци во овој стил, а она што можеме да го очекуваме од овој тренд напролет е отмен и шик изглед за секојдневни, но и за вечерни прилики.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.