Италијанците надалеку се познати по својот опуштен став кон животот. Тие знаат да живеат убав живот, кој не подразбира само луксуз, туку живот фокусиран на убавите нешта и фамилијата. Ова се неколку работи кои може секој од нас да ги научи од Италијанците.rnrn
rn
1. Јадете полека и никогаш сами
rnВо Италија не постои брза храна во вистинската смисла на зборот, иако постојат такви синџири на ресторани. Таму се јаде полека, во кругот на семејството или пријателите, а не пред телевизор или компјутер. Покрај тоа тие секогаш практикуваат природна и локално произведена храна.rn
2. Пијте, но не претерувајте
rnИталијанците си го обожуваат своето вино, но никогаш не претеруваат во консумирањето. Тие знаат да пијат со стил.rn
3. Престанете да брзате и почнете да живеете опуштено
rnЖивотот во оваа земја не е ни приближно брз како што налага новото време. Луѓето не трчаат по улици со кафето во рака, туку секогаш имаат време да застанат и да се напијат едно еспресо. Тие не обрнуваат толку внимание на максималната точност, туку повеќе се фокусираат времето да го поминат во добро друштво.rn
4. Најдобрата работа на светот е да живеете блиску до семејството
rnФамилиите во Италија секогаш гледаат да живеат што поблиску едни до други, наместо да се селат во различни краеви. На овој начин, фамилијата секогаш е блиска и владее почитување. Собирањето на целата фамилија на неделен ручек е исто така одлична традиција која го зближува семејството.rn
5. Грижете се за „својата појава“
rnОва не се однесува толку на физичкиот изглед, туку на јавниот имиџ. Ретко може да видите пијан Италијанец на улица, човек како јаде на нога дур шета во град или некој цел ден да го помине во пижами. Сите овие работи можат да го нарушат нивниот имиџ. Ова е начин на живеење кој ја фаворизира естетиката и убавото однесување.