КАФЕ ПАУЗА

Места во Фиренца кои мора да ги посетите

Фиренца е градот на италијанската уметност и ренесанса, со уникатна атмосфера и богата историја. Доколку некогаш ја посетите, еве ги местата кои не смеете да ги пропуштите за целосно доживување на градот.rn

Дуомо

rn(0) mesta-vo-firenca-koi-mora-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnНајпознатата градба која мора да ја видите во Фиренца е катедралата на градот, Санта Марија дел Фјоре, позната како Дуомо. Веднаш до Дуомото се и камбанаријата и баптистериумот, кои исто така вредат да се посетат. Искачете се на врвот на камбанаријата или на Дуомото и ќе добиете прекрасна панорамска глетка на целиот град. Вистинско уживање.rn

Плоштадот Микеланџело

rn(1) mesta-vo-firenca-koi-mora-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnОвој плоштад е изграден во чест на Микеланџело. Доколку сте по пешачењето, тоа е вистинското место за вас. Совршен е за панорамски поглед на Фиренца. Одете со пријателите, земете си малку вино и уживајте во прекрасното зајдисонце.rn

Понте Векио (Стариот мост)

rn(2) mesta-vo-firenca-koi-mora-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnНе само што е најпознатиот мост во Фиренца, туку е и едно од најдобрите места за шопинг во градот. И од тука имате одличен поглед и совршена позадина за една убава фотографија. Наоколу има многу продавници за накит, кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.rn

Статуата Давид на Микеланџело

rnPENTAX ImagernrnИ додека има многу копии од оваа статуа, најоригиналната и најспектакуларната се наоѓа во Академската галерија. Во Академијата има безброј убави уметнички дела, но главна атракција е секако, статуата Давид.rnrn