Девојка која цела година се хранела само во „Starbucks“

Девојка која цела година се хранела само во „Starbucks“

Американската блогерка Бјутифул Егзистенс (Beautiful Existence), кон крајот на 2012 година си поставила пред себе еден необичен предизвик. Таа решила секој оброк во 2013 година да ѝ биде купен од познатиот синџир кафетерии „Starbucks“.

Девојка која цела година се хранела само во „Starbucks“

Овој предизвик подразбирал дека и за Божиќ, Денот на благодарноста, нејзиниот роденден и на многу други важни денови, таа морала да јаде од „Starbucks“.Уште една околност која ѝ го отежнувала предизвикот, бил лимитот од 20 долари дневно. Таа месечно трошела по 500-600 долари, а секој ден го започнувала со кафе со млеко, каша од боровинки, овошје и чаша сок. За ручек јадела топли сендвичи, а за вечера салати.

Таа изјавила дека првите неколку месеци биле лесни, но откако менито почнало да се врти во круг и откако јадела еднолично, станувало сè потешко и потешко.

За оваа година таа си поставила нов предизвик, ветувајќи си дека во наредниве 365 дена ќе проба 80 различни спортови.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар