Отворен XO клуб

Сподели

Впечатливиот шанк, одлично позиционираниот простор за ВИП гости и секако беспрекорната услуга на персоналот се само дел од нештата по кои ХО клубот се издвојува во скопскиот ноќен живот.

Реклама

Вчеравечер во опуштена атмосфера за која беа задолжени неколку македонски диџеи се случи отворањето на клубот ХО што се наоѓа во центарот на Скопје, на самиот плоштад Македонија. Вниманието на црвениот тепих го привлекоа многу вип гости од македонскиот џет сет, бизнисмени, политичари, музичари, спортисти, фотомодели итн.

Амбиентот на клубот е олицетворение на софистицираност од светска класа, што ја имаме забележано шетајќи низ светските метрополи. За поздрав е отворањето на еден ваков клуб во центарот на Скопје и му честитаме на менаџерскиот тим за направениот избор – изјавија неколку гости кои се забавуваа на отворањето.rn rnТематски забави се предвидени во деновите на работа на клубот (четврток, петок и сабота).

Темата на вечерашната забава е Back to Basic со ДЈ Никифор.

ХО клуб, за Х можности!



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира