Компанијата „Samsung“ на саемот „CES 2014“ кој ќе се одржува од 7 до 10 јануари 2014 година во Лас Вегас ќе го претстави својот најнов модел на паметен телевизор. Овој паметен телевизор ќе има унапредена можност за користење преку говорни команди, а екранот ќе биде сензитивен на допир.rnrn
rnrnСервисот за гласовна интеракција разбира 11 јазици, а во 2014 година ќе се прошири за уште дополнителни 12 земји.rnrnНа овој начин со гласовна команда ќе можете да го промените каналот, да сурфате на интернет, да ја проверите временската прогноза, да прочитате вести додека гледате некој канал и многу други работи. Покрај тоа екранот ќе биде сензитивен на допир, па многу лесно со неколку движења на прстите ќе можете да смените канал, да го засилите или намалите тонот, да ја проверите програмата на телевизијата, да ја подесите сликата и сите останати работи кои ги нуди паметниот телевизор.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.