Сочен, вкусен, со многу богат чоколаден вкус
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 130 г шеќер
- 40 г пченкарен скроб
- ¼ лажиче сол
- 650 мл млеко со поголема масленост
- 3 лажици какао
- 4 жолчки
- 2 лажици путер
- 1 лажица екстракт од ванила
- 1 чоколада со поголем процент какао
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Во тенџере помешајте ги шеќерот, скробот и солта, а потоа почнете постепено да го додавате млекото. Мешајте додека не добиете смеса без грутки, а потоа додадете ги и жолчките.
2. Тенџерето ставете го на средна температура и постојано мешајте околу 8 минути, односно додека не се појават меурчиња од варењето. Тргнете го тенџерето до оган, смалете ја температурата на минимум, па вратете го тенџерето и мешајте уште некоја минута.
3. Тргнете го тенџерето од оган и прецедете ја смесата низ сито. Ставете ја во сад за матење со миксер.
4. Во садот додадете ги путерот, екстрактот од ванила и парчињата чоколадо и со миксер матете додека не добиете уедначен крем.
5. Пудингот сипете го во стаклени садови за сервирање и покријте ги со фолија за да се спречи создавањето на корупка при ладењето.
6. Оставете го пудингот да се лади барем 3 часа, а најдобро е да го оставите да преноќи. Кога ќе се олади, послужете го со рендано чоколадо на врвот.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

