5 женски модни парчиња кои им се неодоливo секси на мажите

5 женски модни парчиња кои им се неодоливo секси на мажите

Додека жените максимално се трудат да се дотераат за да заблескаат на првиот љубовен состанок, мажите се всушност многу едноставни суштества. Тие не забележуваат детали како што се фризурата, накитот, чантата или модните додатоци, бидејќи окото им оди на сосема други работи. Во една анкета спроведена врз мажите, откриени се петте женски модни парчиња, кои им се многу секси на мажите и коишто сакаат да ги видат на секоја жена којашто ги привлекува.

Спортски хеланки

Има ли нешто посексапилно од женско тело облечено во тесни хеланки за вежбање, кои ги истакнуваат бутовите и задникот? Вака отприлика гласеле одговорите на голем број мажи вклучени во анкетата. Иако можеби на повеќето жени ова парче облека не им е толку значајно, сепак тоа е дефинитивно број 1 кај мажите, кога станува збор за секси женска облека.

5 женски модни парчиња кои се неодоливo секси за мажите

Молив–здолниште

Тесното здолниште до колена кое максимално ја истакнува линијата на женското тело, е облека во која речиси секој маж сака да ги види жените. Иако станува збор за едно едноставно модно парче, сепак во него жените може да изгледаат многу елегантно и секси, а притоа да не откријат нити еден милиметар гола кожа.

5 женски модни парчиња кои се неодоливo секси за мажите

Мал, црн фустан

Малиот црн фустан го обожаваат жените, но очигледно и мажите. Нивната девиза „помалку е повеќе“, навистина држи вода. Ова минималистичко парче кое ја потенцира елеганцијата и сексапилот, совршено ја опишува машката фантазија во која гледаат фатална убавица на коктел забава, со чаша со шампањско во рака и неодолив поглед кој им ги пресекува нозете.

5 женски модни парчиња кои се неодоливo секси за мажите

Припиени фармерки

Тесните цевчести фармерки кои ги обвиваат женските нозе од бутовите до глуждовите, се вистински магнет за мажите. Воопшто, фармерките според мажите се многу сексапилно парче облека, а кога тоа уште и ги истакнува сите атрибути на женското тело, тогаш станува збор за полн погодок.

5 женски модни парчиња кои се неодоливo секси за мажите

Високи потпетици

Најсексапилното модно парче кое никогаш нема да ги изневери жените, се секако чевлите на високи штикли. Кондурите и сандалите на висока штикла, кои го оптегнуваат секое мускулче на нозете и ја издолжуваат фигурата, се најчестото женско оружје за заведување на мажите.

5 женски модни парчиња кои се неодоливo секси за мажите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Јулијана Reply

    Некои работи се изненадувачки

Остави коментар