Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе
Совршен новогодишен десерт
Потребно време за подготовка:
30 минути за подготовка на тортичките, а вкупно 50 минути за целосно да ги завршите и декорирате.
Потребни состојки:
За тортичките:
- 115 грама несолен путер
- 55 грама полублаго чоколадо за готвење
- 1 супена лажица инстант кафе (свежо подготвено)
- 65 грама незасладено какао
- 95 грама сенаменско брашно (доколку сакате тортичките да бидат помеки, можете да употребите и брашно за торти)
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 3/4 лажичка прашок за печиво
- 1/4 лажичка сол
- 2 големи јајца, на собна температура
- 100 грама шеќер
- 50 грама лесен кафен шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1/2 лажичка екстракт од ментол
- 120 милилитри матеница (матеницата игра голема улога во овој рецепт, не прескокнувајте ја)
За шеќерната глазура:
- 230 грама несолен путер, омекнат на собна температура
- 360-480 грама шеќер во прав
- 60 милилитри густа шлаг пена
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1/4 лажичка екстракт од ментол
- Сол, по вкус
За декорација:
- 110 грама полублаго чоколадо за готвење, стопено
- Искршени бомбони во форма на бастунчиња
Начин на подготовка:
Тортички
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и подгответе 12 калапи за тортички. Стопете ги заедно путерот и чоколадото на тивко на шпорет. Мешајте сè додека не се спојат, а потоа додадете го и инстант кафето. Тргнете ја мешавината настрана за малку да се олади.
Во среден сад сипете го какаото, брашното, сода бикарбоната, прашокот за печиво и солта. Мешајте сè додека темелно не се спојат. Тргнете ги настрана. Во голем сад, ставете ги јајцата, шеќерот, кафениот шеќер, екстрактот од ванила и екстрактот од ментол. Мешајте сè маталка додека мешавината не стане мазна. Додадете ја изладената смеса од чоколадо и путер и мешајте додека не добиете мазна смеса. Додадете половина од мешавината со брашното, а потоа половина и од матеницата. Повторете со останатата половина од двете мешавини и мешајте сè додека и тие не се спојат, но внимавајте да не претерате. Мешавината треба да биде со густина на пудинг.
Поделете ја мешавината во 12-те места на калапот за тортички/мафини. Печете ги околу 18 минути, а потоа дозволете им целосно да се оладат пред да ја нанесете шеќерната глазура.
Шеќерна глазура
Измешајте го со миксер на средна брзина омекнатиот путер. Мешајте околу 3 минути, сè додека не стане мазен и кремаст. Потоа додавајте ги и шеќерот во прав, кремот, екстрактот од ванила и екстрактот од ментол додека сè уште ви работи миксерот. Зголемете на поголема брзина и мешајте 3 минути (колку подолго мешате, толку покремаста ќе биде глазурата). Додадете повеќе шеќер во прав доколку шеќерната глазура е премногу тенка, премногу кремаста или премногу густа. Исто така доколку е премногу блага, можете да додадете малку сол.
Декорација
Нанесете ја шеќерната глазура на 12-те изладени колачиња, а потоа декорирајте со стопено чоколадо и кршени бастунчиња.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.