Со оглед на фактот дека новогодишните празници сè повеќе се приближуваат, во вашето слободно време можете да се позанимавате изработувајќи едноставни и оригинални елкички, кои во целост ќе ја надополнат празничната декорација во вашиот дом.
Во следното видео ќе погледнете начини за изработка на 3 креативни, мини-елки, кои ќе ја зачинат вашата трпеза, работна маса или ѕидот во дневната соба.
Потребни материјали:
rnЕлка број 1: плута, ножици, чепкалка за заби, зелена салвета, мониста ѕвездичка, лепило и светки во сребрена боја.
Елка број 2: бел лист хартија во А4 формат, селотејп, ножици, украсна хартија за пакување (парче широко 12 см), лепило и мониста ѕвездичка.
Елка број 3: околу 7 стапчиња од дрво со големини од најголемо кон најмало, клешти, украсни ленти, лампиони, држач за свеќа.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

