Вака изгледа живеењето секој ден, како да ви е последен

Вака изгледа живеењето секој ден, како да ви е последен

Кога би воделе видео дневник од вашиот живот, како тој би изгледал? Би му бил ли некому интересен за гледање ако го прикачите на Јутјуб?

Луис Кол имал многу добра причина за да го сподели своето видео со целиот свет. Воедно, овој 30-годишен дечко својата Јутјуб-слава ја стекнал во 2011 година, кога го отворил својот канал на кој објавувал различни видео записи од неговите бројни патувања.

Вака изгледа живеењето секој ден, како да ви е последен

И оваа година тој ја поминал патувајќи низ светот, документирајќи ги неговите искуства и објавувајќи ги на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб и Тамблр. Секако, тоа му носи илјадници следачи, кои тој ги нарекува „пријатели“.

Иако неговото животно мото делува како клише: „Уживајте во животот и живејте ја авантурата“, компилацијата од видеа која ја објавил во текот на 2013 година, живописно покажува дека тој навистина го живее она што го проповеда.

Од друга страна, видеото многу луѓе ги депримирало и ги натерало да сфатат дека не живеат некој особено возбудлив живот. Погледнете го за да сфатите зошто.

И, што ќе кажете? Ве расположи или ве депримира? 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар