КАФЕ ПАУЗА

Филм: Затвореници (Prisoners)

Филм: Затвореници (Prisoners)

Written by

in

,
Дали е дозволено да се биде поголем ѓавол од ѓаволот во име на доброто?

rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)Режија: Денис ВилневrnrnУлоги: Хју Џекмен, Џејк Гиленхал, Мелиса Лио, Вајола ДејвисrnrnВреметраење: 153 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 20 септември 2013rnrnЖанр: крими трилер, драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Затвореници“ е крими трилер кој драстично отскокнува по квалитетот од другите холивудски филмови кои му припаѓаат на овој жанр. Не само што располага со извонредна тензија низ буквално целото дејство, туку истражува и некои морални теми, што денес ретко може да се види.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)rnrnВоведот во кој се запознаваме со идиличниот живот на две среќни семејства е краток. Трае сè до моментот кога по заедничката вечера на денот на благодарноста ќе исчезнат Ана и Џој, двете најмали ќерки од двете семејства. Родителите почнуваат панично да ги бараат, а од нив нема никаква трага, небаре земјата ги голтнала. Уште во овој дел се чувствува колку е добар филмот. За гледачот тука веќе е лесно да се соживее со дејството преку маестрално одиграните улоги и да ја почувствува паниката на родителите која полека се претвора во тешко издржлива болка.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)rnrnТие добиваат трошка надеж кога ќе биде пронајден еден туѓинец кој во моментот на исчезнувањето на девојчињата бил паркиран со своето комбе токму пред нивната куќа. Полицијата брзо го пронаоѓа, но детективот Локи (Џејк Гиленхал) нема друг избор освен да го пушти, затоа што неговиот интелектуален развој одговара на десетгодишно дете и изгледа неверојатно дека тој можел да стори такво нешто.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)rnrnОттогаш Келер Довер (Хју Џекмен), татко на едно од девојчињата решава да ги земе работите во свои раце и сам да ја бара ќерка си. Затвореник на својата избезуменост и очај, се одлучува на потези кои не гарантираат добра завршница, но кои истовремено наметнуваат многу етички прашања. Покрај останатите квалитети, тоа е она што „Затвореници“ го прави посебен. Истражува до каде може да оди еден родител за да го спаси своето дете, колку е дозволено да биде лош при тоа и дали му е дозволено да биде поголем ѓавол од ѓаволот во име на доброто.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)rnrnОва можеби ве потсетува на „Грабната“ (Taken) во кој таткото на суперхеројски начин се справуваше со никаквиците, но не може да сте подалеку од вистината. Иако Хју Џекмен се појавува во, типична за него, мажествена улога, неговиот лик е човек од крв, месо и душа. Овој филм ја поседува типичната тензија за добрите холивудски крими трилери, но истовремено има и своја драматична страна која поставува етички прашања како што тоа обично го прават филмовите кои доаѓаат од северот на Европа. Не колебајте се, ова ќе бидат возбудливи 153 минути кои ќе ви остават силен впечаток.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.