15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка
Обидете се да ги погледнете овие 15 волшебни италијански гратчиња кои шармираат со својата посебност, а да не помислите дека тие се местата во кои живеат измислените ликови од бајките. Прочитајте и кратко инфо за секое од нив.:)
1. Атрани
Лоциран на Амалфијската обала, овој град е најмалиот град во јужниот дел од Италија. Оваа убава општина беше дури и прикажана во реклама за автомобилот Fiat 500. Погледнете ја за да ја почувствувате неговата магија.
2. Кастелсардо
Лоциран во Сардинија, Италија, овој средновековен град во кој живеат околу 5.000 жители се состои од колоритни згради, кои имаат прекрасен поглед кон Средоземното Море.
3. Вогоња
Со население од помалку од 2.000 жители, оваа извонредна општина е окружена со цела низа планини и неколку окрузи. Замокот Висконти прикажан на фотографијата, е изграден во 1344 година.
4. Алберобело
Познат по своите специфични куќички со ѕидан конусен кров, Алберобело е живописно гратче, лоцирано во италијанскиот регион Пуља. Некои од куќичките градени од сув камен (без употреба на малтер) се означени со симболи, што ги прави многу атрактивни за туристите.
5. Неиве
Гратчево со население од над 3.000 жители, изгледа како совршената дестинација за набљудување на зајдисонцето.