КАФЕ ПАУЗА

Книга: „Да се сака со отворени очи“ – Хорхе Букај

Книга: „Да се сака со отворени очи“ – Хорхе Букај

Written by

in

Нели целта е да најдеш личност со која зборувате на ист јазик, која умее да ги преточи во зборови твоите мисли и со која ќе посакаш да го изградиш својот пат до дома?

rnrnКнига: „Да се сака со отворени очи“ – Хорхе БукајПоради долгогодишното искуство како психотерапевт, Хорхе Букај стои потпишан на повеќе бестселери кои ќе ви помогнат да ја пронајдете сржта на љубовта. Сумирајќи го своето искуство со љубовните парови, Букај на некој начин составува еден љубовен прирачник. Овој пат дозволете му да ве научи дека е вистински предизвик да се сака. Тоа е процес кој не е лесен, но е една од најубавите работи кои ни се случуваат во животот.rn
rn

„Кога човек ќе се заљуби, всушност, тој не го гледа другиот во неговата севкупност, туку тој другиот изгледа како платно на кое заљубениот ги проектира своите идеализирани аспекти.“

rnrn


rn

Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

rnrnrn


rnrnВо електронското сандаче на Роберто, млад експерт за маркетинг, почнуваат да пристигнуваат мејлови наменети за некој Фреди. На почетокот ги брише и игнорира, за подоцна истите да го задржат неговото внимание и да го натераат да се вплетка во една примамлива игра.rnrnПсихотерапевтот Лаура всушност му испраќа мејлови на нејзиниот колега Фреди со кого заедно работат на книга. Заплетот започнува кога Роберто, не можејќи да одолее на љубопитноста, сфаќа дека на некој интересен начин, проблемите во неговата сегашна, како и во неговите претходни врски, совршено се совпаѓаат со она што Лаура го вели. Така тој не само што почнува да ги преиспитува своите искуства во љубовта туку одлучува сосем слободно да се вмеша во нивната комуникација искористувајќи ја таа важна погодност на интернетот – можноста да го сокрие својот вистински идентитет.rn
rn

„Лаура зборуваше со неговиот јазик, со неговите идеи, речиси со неговите чувства. Таа го преточи во зборови она што тој сакаше да го каже.“

rnКнига: „Да се сака со отворени очи“ – Хорхе Букај
rnrn

„Љубов како благосостојба што ги обзема телото и душата и која јакне кога можам да го видам другиот без да сакам да го променам.“

rnОваа книга ќе ве поттикне да размислувате на многу теми. Ќе се почувствувате како просто да добивате бесплатни совети за љубовта. Ќе имате можност да ги согледате ситуациите од повеќе гледишта и да се ставите во онаа улога кој вам најмногу ви одговара. Книгата опфаќа модерни теми како улогата на интернетот во животот на модерниот човек, разликата меѓу чувствата и страста, почетна заљубеност наспроти љубов и сл. Доколку сакате „свежо исцедени“ филозофии на темата „љубов“, оваа книга е вистинскиот избор за вас.rn
rn

„Губење време…, си рече. Како можеш да изгубиш нешто што не може да се поседува? Како можеш да зачуваш нешто што не може да се задржи? Кога би можел да избирам… Што би правел да имам 20 минути вишок?rnrnСе насмевна.rnrnБи било добро да ги вложам во чекање на саканата личност.“

rn

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk
rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 18 декември 2013. rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn