Филмовите чие дејство се одвива во судниците изгледаат како да се посебен жанр. Драмите во кои адвокатите блескаат се доста впечатливи, тензични, лесно го задржуваат вниманието, а неретко успеваат да натераат некого да се вљуби во оваа професија. Во поново време нема добри филмови од овој тип, па затоа одбравме пет кои се постари, но извонредни.rnrn
Пукнатина (Fracture)
rn
Главни улоги: Рајан Гослинг, Ентони Хопкинс, Розамунд ПајкrnrnПремиера: 2007rnrnВреметраење: 113 минутиrnrnКратка содржина: Рајан Гослинг игра улога на млад, надежен и амбициозен обвинител кој токму пред да се пресели во голема адвокатска фирма ќе добие навидум лесен случај за крај. Но, во судницата ќе се соочи со Тед (Ентони Хопкинс) кој ќе го однесе во правен лавиринт од кој тешко може да најде излез.rnrnrn
