Одблизу со ретките опасни бенгалски тигри
Основачот на Институтот за многу загрозени и ретки видови (T.I.G.E.R.S.) и тренер на егзотични животни д-р Багаван Антл секојдневно добива уникатна можност да се најде лице в лице со голем број бенгалски тигри. Како резултат од неговиот директен контакт со нив, тој развил прекрасна фотосерија со портрети од овие моќни животни фатени екстремно одблизу.
Овој институт кој се наоѓа во Јужна Каролина промовира едукација и заштита на дивите животни ширум светот. Работата на д-р Антл ги истакнува сличностите и разликите помеѓу уникатните видови. Неговите фотографии овозможуваат да се почувствува доминантното присуство на овие прекрасни суштества. Тој успеал да ги прикаже и природната моќ која избива од нивните лица, но и нивната ранливост на патот кон нивното исчезнување.