Есента е плодно годишно време кое изобилува со плодови кои обожаваме да ги користиме во исхраната, но и како дел од третмани за нега и разубавување. Со помош на тиквата, шеќерот, циметот, медот и мускатните оревчиња, вие не само што ќе го подмладите вашето лице, туку и целото тело.
За да направите маски и пилинзи од овие плодови не ви требаат ниту многу време, ниту многу пари. Затоа, подгответе си ги уште денес и разгалете се себеси во домашни услови исто како да сте отишле во козметички салон.
rn
Маска за лице од тиква
rnВашето лице може да добие витамин А, антиоксиданс во облик на витамин Ц и цинк преку оваа маса од тиква.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 1 лажица пире од тиква
- 1 лажица мед
- ½ лажица млеко
rn011
rn011
rn
rnИзмешајте ги состојките и нанесете ги на исчистено лице со кружни движења. Избегнувајте го пределот околу очите. Оставете ја маската да делува 15-20 минути и потоа исплакнете го лицето со топла вода.rn
Маска за лице со мускатно оревче и цимет
rnОвие зачини мирисаат одлично, но исто така се и добри за вашата кожа. Мускатното оревче има антивоспалителни својства и може да ги намали порите и црвенилото од акни, како и да ги ублажи лузните. Циметот пак делува како пилинг. Тој е природен антисептик. Кога овие два зачини ќе се помешаат со мед се добива исцелителна маска за лице.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 1 лажица мед
- ¼ лажичка цимет
- ¼ лажичка мускатно оревче
rn011
rn011
rn
rnИзмешајте ги состојките и нанесете ја смесата на кожата. Оставете ја маската да делува 20 минути и потоа исплакнете.
Напомена: Мускатното оревче може да ја иритира чувствителната кожа, па затоа пред да ја нанесете маската на целото лице, тестирајте на мал дел од кожата.rn
Пилинг за тело со кафеав шеќер
rnВашата кожа ќе ви биде благодарна доколку ѝ го дадете овој третман. Со овој пилинг ќе ја подмладите кожата на вашето тело, ќе ја подобрите циркулацијата и згора на сѐ, убаво ќе мирисате.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- ½ лажица пире од тиква
- ½ лажица кафеав шеќер
- ¼ лажица цимет
rn011
rn011
rn
rnОвој пилинг треба да се применува само за тело, не и за лице. Нанесете го со нежно масирање и потоа исплакнете.rn
Маска од брусници
rnБрусниците се богати со витамините Ц и К и содржат антиоксиданси кои вашата кожа ќе ја направат помлада. Дополнително, со оваа маска ќе ги намалите подочниците, односно ќе ги направите помалку видливи. Брусниците се и природен тонер на лицето, а кога се комбинираат со мед и јогурт, ја прават совршената маска за меко лице.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 10 свежи брусници, згмечени
- 1 лажица јогурт
- 1 лажица мед
rn011
rn011
rn
rnИзмешајте ги состојките и со кружи движења нанесете ја маската на лицето. Избегнувајте го пределот околу очите. Оставете ја да делува 15 минути и потоа исплакнете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

