КАФЕ ПАУЗА

7 љубовни врски кои секој сака да ги доживее

7 љубовни врски кои секој сака да ги доживее

Уште како деца сонуваме за големи љубови, принцези или принцови на бел коњ. Колку сказните, филмовите и книгите влијаат врз нашата перцепција за љубовните врски? Ова се 7 романси кои најчесто ги среќаваме во филмовите и книгите и повеќе или помалку посакуваме да ги доживееме.rnrn

1. Забранета љубов

rnНема кој не знае за „Ромео и Јулија“, една од најпознатите љубовни приказни во историјата на човештвото. Што ја прави оваа љубов толку посебна и возбудлива? Забранетоста, се разбира. Да се биде во ваква врска е возбудливо, и на некој начин е адреналинско доживување. И двете страни се трудат да ја чуваат љубовта во тајност или да се изборат за неа, а тоа е навистина романтично. Забранетата љубов неретко е тема во многу филмови и книги.rnrn7 љубовни врски кои секој сака да ги доживееrnrn

2. Љубов од детството

rnНели се слатки приказните за оние кои се познаваат уште од деца и остануваат прекрасни пријатели и љубовни партнери? И двете страни знаат сè еден за друг, поминале низ толку многу нешта и биле заедно и во добро и во зло. Романсата меѓу двајца пријатели од детството е навистина слатка и има добра основа за понатамошно доградување на секое поле.rnrn

3. Омраза на прв поглед

rnСме гледале вакви сцени во филмовите. И двајцата се заглавени на некое место и на некој начин приморани да потрошат одредено време еден со друг и на почетокот не можат да се поднесат. Барем во филмовите ова се најстрасните романси првично базирани на не баш толку позитивни чувства. Па звучи логично да им се даде шанса на луѓето, оној кој ужасно ве нервира на почеток, којзнае, можеби ќе биде вашата голема љубов во иднина?rnrn

4. Старо жарче

rnСте се разделиле поради некоја причина, можеби сте живееле далеку еден од друг. По десетина години повторни се среќавате и го разгорувате жарчето кое одамна згаснало. Ќе бидете позрели и поискусни од порано. Да, баш звучи романтично.rnrn7 љубовни врски кои секој сака да ги доживееrnrn

5. Љубов на прв поглед

rnВо моментот кога за првпат ќе ја/го здогледате ве привлекува како со магнет. Како што минува времето сè повеќе сте сигурни дека вашата проценка била правилна.rnrn

6. Тајна симпатија

rnВеќе со години се дружите и чувствувате нешто за него/неа, но сте премногу исплашени и несигурни во себе за да го признаете тоа. Кога конечно собирате храброст сфаќате дека и другата страна така се чувствувала цело време.rnrn

7. Од пријателство до љубов

rnНекое време се дружите и вашето другарство ви годи, сè додека еден ден не ви светне дека вие двајца би биле просто прекрасни на љубовно поле. После ќе можете да раскажувате како сè почнало со пријателство кое се претворило во романтична љубов.rnrnСите овие романси звучат навистина убаво во филмовите и книгите. Но колку е лесно да се спроведат во реалноста? Сте имале ли некое од горенаведените искуства?