7 парчиња облека кои одговараат на секој облик на тело
Честопати ќе наидеме на парче облека кое ни се допаѓа, но не ни е погодено според обликот на телото. Можеби изгледа како секоја облека да е скроена за одреден тип, но не мора да значи. Ова се 7 парчиња облека кои му стојат добро секому без разлика на обликот на телото или килограмите.
1. Асиметрични сукњи
Го нагласуваат струкот, покриваат дел од нозете за да не се чувствувате претерано разголени, прават да изгледате визуелно послаби, и секако изгледате секси, но со вкус. Асиметричните сукњи се секогаш добар избор.
2. „Моторџиски“ јакни
Доколку се одлучите за црни и кожни, одите на „опасната“ варијанта, а црното совршено ќе ви прилега доколку имате некој килограм плус. Но сепак може да ги најдете во многу различни бои и дезени. Одберете струкирани со страничен патент за истакнување на струкот и вашата женственост.
3. Метални колани
Доказ дека само еден аксесоар може да промени многу нешта. Без разлика кој број облека носите, металните колани ќе ви стојат одлично. Привлекуваат внимание, разбиваат монотонија и го нагласуваат струкот. Само внимавајте да не го затегнете појасот повеќе отколку што треба. Кога ќе почнете да се чувствувате неудобно знајте дека најверојатно изгледате токму така.
4. Целосни костими
Спаѓаат во групата на облека која изгледа катастрофално на закачалка, но кога ќе ја облечете сфаќате колку добро ви стои. Во зависност од моделот може да прикрие килограми или визуелно да „создаде“ облини. Доколку имате форма на јаболко или песочен часовник одберете широк и лелеав костим во горниот дел од телото, а доколку имате форма на круша или банана одберете тесен, по можност без прерамки.
5. Маички со „гол стомак“
Може да ви звучи како неточно или глупаво, но ваквите маички навистина секому му одговараат доколку се комбинират со панталони или сукњи со висок струк. Тие се одличен сојузник кој ќе ви помогне да ја истакнете женствената силуета.
6. Чизми до глужд
Изборот на чизми е поврзан со вашата висина. Доколку сте пониски а одберете чизми до колена може да изгледате како мачорот во чизми. Чизмите до глужд се универзални без разлика на висината или вашата перцепција за изгледот на вашите нозе.
7. Фустани со исцртани форми
Ваквите фустани се како магични, просто како да имаат визуелни ефекти. Ако сакате да постигнете истакнување на облините одберете форма која наликува на песочен часовник, доколку пак сакате обратен ефект тогаш одберете форма со прави линии.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Маички со гол стомак – стојат добро секому без разлика на обликот на телото или килограмите. Како да не.
Гол стомак не случајно е во наводници. Не мора буквално да се гледа стомакот. Се мисли на кратки блузи, кои може да се и широки и тесни и кога се добро искомбинирани, да изгледаат добро и на послаби и на покрупни девојки.