Ова лето еден изненадувачки тренд од минатото ги посети плакарите на девојките – мини скорт, комбинација од кратко здолниште и панталони со преклоп. Овој моден хибрид првпат се има појавено во 60-тите години на минатиот век, благодарение на популаризацијата на голфот како женски спорт. Тоа било идеалното парче облека за жените кои сакале да изгледаат елегантно и женствено додека истовремено можат лесно да се движат. Скортовите стануваат апсолутен моден хит во 80-тите и раните 90-ти, особено помеѓу младата популација, а потоа едноставно исчезнуваат.
Ова лето, Зара тотално нè изненади со нови модели на скортови, тренд кој оваа сезона го продолжија и други големи модни имиња. Направивме селекција од убави модели од ова парче облека вклопени во одлични модни комбинации. Од високи потпетици, класична чанта, кошула и сако, па сè до спортски маички, широки блузи или џемперчиња и патики – ова парче облека навистина добро се комбинира скоро со сè. Бонус, одлично изгледа на слаби девојки, но и на девојки со облини бидејќи моделите со коси парчиња напред визуелно ги издолжуваат нозете.
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.




























































