Најневеројатни непознати зданија во светот
Автор: Ема Јакимовска
Што е тоа што едно архитектонско здание го прави светски познато? Одговорот најверојатно би бил – неговата величественост, големина и историско значење.
Факт е дека во светот постојат многу импресивни архитектонски зданија, кои не се многу познати. Од Индија, Босна и Херцеговина, па сè до Перу. Погледнете кои се оние помалку познати, а сепак неверојатни архитектонски обележја низ светот.
Храмот Аираватесвара во Индија
Во Индија се наоѓаат половина од помалку познатите архитектонски зданија во светот, а меѓу нив е и овој храм, како и палатата во Канадукатан.
Стариот мост во Босна и Херцеговина
Источноевропските културни обележја, исто така, го следат трендот на таканаречената „заборавена архитектура“. Овде особено интересен е Стариот мост во Босна и Херцеговина. Мостот е изграден во 1566-та година, а уништен во 1993-та за време на војната во Босна. Потоа, истиот е конечно повторно изграден во 2004-та, со што уште еднаш станува центар на граѓанските кругови.
Палатата на парламентот во Букурешт, Романија
Уште едно архитектонско здание во Источна Европа, што е малку познато, е и палатата на парламентот во Букурешт, Романија. Палатата била изградена во 80-те години на минатиот век, по наредба на комунистичкиот диктатор Николај Чаушеску. Направена е во неокласичен стил и се смета за една од најголемите и најтешки згради во светот.
Чокекирао во Перу, Таџ Декан, Индија и Големиот индиски ѕид
За крај, постојат згради кои, иако импресивни, се често подзаборавени поради огромната популарност на некои соседни зданија. Таков е случајот со Чокекирао („Вториот Мачу Пикчу“), Таџ Декан („Таџ Махал за сиромашните“), како и Големиот индиски ѕид, во Кумбалагар, Индија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.