­
7 работи кои морате да ги видите и направите во Франција

7 работи кои морате да ги видите и направите во Франција

Франција е позната по многу нешта, вклучувајќи ја храната, виното, модата, уметноста и архитектурата. И покрај тоа што градот Париз е број 1 на листата за посета кај голем број луѓе, сепак постојат толку многу други нешта кои вредат да се видат во Франција. Всушност бројот на тие нешта е толку голем што дури само една посета не би ви била доволна. Погледнете ги наредниве 7 работи кои морате да ги видите и направите доколку некогаш одите во Франција.

1. Париз

7 работи кои морате да ги видите и направите во Франција

Точно, Париз е очигледен избор. И покрај тоа што е скап град и понекогаш нечист, сепак нема да се покаете доколку го посетите. Љубителите на уметноста дефинитивно не би сакале да го пропуштат Лувр, домот на познатата слика Мона Лиза. Исто така добра идеја е да го посетите музејот Орсеј каде што има уметнички дела од голем број талентирани сликари како Сезан, Моне, Мане, Гоген, Реноар и Ван Гог. Доколку преферирате модерна уметност, можете да го посетите центарот Помпиду.

Нешто што навистина не треба да го пропуштите е Богородичната црква (Нотр Дам). Архитектурата ќе ве остави без зборови, а доколку имате енергија, искачете се на врвот на кулата од каде што ќе имате прекрасен поглед кон Париз.

Наредна точка на вашата листа би требало да биде Версајскиот дворец. Тој се наоѓа на огромна површина, каде што покрај главната палата можете да ги посетите и големите градини, имотот на Марија Антоанета и големиот Тријанон – мала палата која ја користел Луи XIV. Версајскиот дворец е под заштита на УНЕСКО и е едно од најубавите места во Париз.

Меѓу другото, можете да поминете едно попладне пловејќи по реката Сена, да се качите на Ајфеловата кула или на кулата кај Монпарнас. Можете да ги посетите Елисејските полиња, Триумфалната капија и операта Гарние.

2. Пон ду Гар (Мостот над реката Гар)

7 работи кои морате да ги видите и направите во Франција

Станува збор за римски аквадукт, кој се наоѓа на 25 километри од Авињон и е преку 2.000 години стар. И покрај тоа што оваа област е многу популарна кај велосипедистите и планинарите поради својата природна убавина, главната атракција е самиот аквадукт кој е во неверојатно добра форма за толку стара структура. Доколку погледнете подобро, ќе можете на камењата да ги видите натписите од оригиналните масони.

2. Карнак

7 работи кои морате да ги видите и направите во Франција

Карнак е област која била создадена околу еден век пред Стоунхенџ. Таму можете да видите над 3.000 монолити кои се околу 4.000 години стари. Тие се значајни остатоци на една огромна мистерија, и покрај тоа што голем дел од луѓето веруваат дека се употребувале за религиозни и културни активности.

3. Катедрали

7 работи кои морате да ги видите и направите во Франција

За сите оние кои сакаат уметност, архитектура и скулптури, катедралите во Франција се рајско место. Исто како во Италија и Шпанија, католиците граделе екстравагантни катедрали кои се монументи на визијата поврзана со вербата. Една од најпознатите катедрали е Мон Сен Мишел која се наоѓа во Нормандија. Станува збор за градба на остров која била посветена на Свети Михаил, а селото кое се развило околу нејзината основа, вклучувајќи ја и целата околина, се под заштита на УНЕСКО.

5. Замоци

7 работи кои морате да ги видите и направите во Франција

Франција има многу повеќе замоци отколку што би можеле да замислите и дел од нив навистина вреди да се видат. Идејата да се живее во замок е често мечтаење на голем број луѓе и токму поради тоа замоците во Франција се отворени за туристите кои слободно можат да останат преку ноќ. За најдобро искуство, ви препорачуваме да прошетате низ долината Луара.

6. Винарски визби

7 работи кои морате да ги видите и направите во Франција

Различни околини произведуваат различни видови грозје, а француските вина го добиваат своето име според тоа во кој регион биле создадени. И покрај тоа што големите винарски визби се и најпознати, сепак можете да најдете добри вина и во помалите и помалку познатите. Сигурни сме дека овие вина толку многу ќе ви се допаднат, што ќе си земете неколку со вас за дома.

7. Храна

7 работи кои морате да ги видите и направите во Франција

Француската кујна е позната со причина. За појадок можете да пробате чоколадно млеко со свежо подготвени кроасани. Исто така одвојте време и за полуксузните ресторани и кафетерии. Нема да бидете разочарани.

Можете да си направите и мал пикник. Французите велат дека најдобрата храна се наоѓа во Лион, но и маркетите во Прованс не се лоши. Во комбинација со добро вино и Ајфеловата кула во позадина, ова ќе биде најнезаборавниот пикник во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар