Автор: Ема ЈакимовскаrnrnЕдгар Алан По е американски автор, поет, критичар, еден од претставниците на романтизмот во американската литература, најмногу познат по своите кратки раскази. Неодамна, преку изложбата во библиотеката и музеј Морган се доаѓа до 10 неверојатни факти за животот на овој автор, кои досега сигурно не сте ги знаеле.rnrn1. Расказите на Едгар Алан По за францускиот детектив Августин Дупин, послужиле како модел за создавање на ликот на Шерлок Холмс, во делото на Артур Конан Дојл.
2. По ја направил оваа дагеротипија (фотографирање со помош на сребрени или бакарни плочи), четири дена по обидот за самоубиство. Се обидел да се самоубие преку предозирање со опиум, на 5 ноември 1848. Наредниот месец се свршил со Сара Хелен Витман, но никогаш не се земале.
3. Напишал дека дагеротипијата е „можеби најголемиот триумф на модерната наука“.
4. Еден од своите кратки раскази, По го напишал на огромен свиток хартија со должина од 670 см, направен од многу други хартивчиња, меѓусебно залепени со восок.
5. Љубовта од детството на Хамберт Хамберт во романот „Лолита“ на Набоков, Анабел Леј, е именувана според Анабел Ли на По.
6. По се земал со неговата тринаесетгодишна братучетка, Вирџинија По, кога тој имал 27 години. Таа починала од туберкулоза во 1847 година, на 24-годишна возраст. Последната поема на По „Анабел Ли“, била објавена во 1849, по нејзината смрт.
7. За Оскар Вајлд По бил „крал на романтизмот“.
8. Францускиот поет Шарл Бодлер се восхитувал на работата на По и поминал многу години преведувајќи го на француски. Ги превел неговите раскази и четири од неговите поеми.
9. Писателката Џојс Керол еден од своите кратки раскази го напишала токму во стилот на мрачниот По.
10. Првото нешто што По го напишал биле поемите на памфлет. Поголем дел од поемите биле напишани кога тој имал 14 години.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
