На младите во Јапонија не им треба ни љубов ни секс

Сподели

Младите луѓе во Јапонија не се заинтересирани за забавување, не сакаат да најдат љубовен партнер, не сакаат да се заљубат и не се заинтересирани за повремен секс.Според истражување на оваа тема спроведено во 2011 година, 61% од неженетите Јапонци и 49% од жените помеѓу 18 и 34 години, не се во никаква романтична врска, што е за 10% повеќе слободни млади луѓе, отколку пред 5 години.

Реклама

Третина од Јапонците помлади од 30 години, никогаш немале девојка или дечко.

Друго истражување открило дека 45% од жените и четвртина од мажите на возраст 16-24 години, не се заинтересирани или го презираат сексуалниот контакт.

Во Јапонија, ваквата појава има име и се нарекува „sekkusu shinai shokogun“ или синдром на целибат, кој претставува проблем во земјата, чија популација рапидно се намалува.

Што е причината за тоа? Наводно, тешко им е да направат рамнотежа помеѓу кариерата и љубовниот живот.rn
rn

Не земам голема плата за да излегувам на љубовни состаноци и не сакам да бидам одговорен за жена, која ќе се надева на брак“ – вели 31-годишник, кој изјавил дека научил да живее без секс.

rnОд друга страна, една дама вели дека престанала да излегува со мажи, затоа што тие очекувале брак, а бракот е смрт за кариерата на жените во Јапонија:rn
rn

Шефовите претпоставуваат дека ќе затрудните и тогаш ќе морате да дадете отказ. На крај ќе завршите како домаќинка без никаков индивидуален приход. Тоа не е опција за жена како мене.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира