Самодовербата е новото секси

Самодовербата е новото секси

Малиот црн фустан, високите потпетици и убавата шминка можеби делуваат секси, но она што навистина ве прави да се чувствувате така нема боја, ниту форма, не може да се допре, туку само да се почувствува – нејзиното височество самодовербата. Она што ве прави секси е вашиот сопствен став за себеси. Еве како да зрачите со самодоверба.

Самодовербата е новото секси

Позитивен став

Убавината значи многу повеќе од совршен надворешен изглед. Постојат убави жени, кои не се задоволни со својот изглед и жени кои не се толку убави, но сепак зрачат со самодоверба и самопочит. Таа позитивна слика за себе е она што ви треба за да бидете секси. Мора да пронајдете начин како да се претставите пред другите, преку претставување на некоја ваша најдобра особина. Почнете уште денес и создадете си своја мантра на самодоверба.

Тајра Бенкс, на пример, „продава“ смелост, Кимора Ли уникатност. Пронајдете го вашиот скриен ас и претставете му се на светот. Надградувајте го, усовршувајте го и така градете си ја самодовербата.

Дефинирање на сопствената убавина

Обидувањето да им се допаднете на другите и да живеете според нивните очекувања воопшто не е секси. За да ја дефинирате вашата убавина, размислувајте за вашето тело според вашите лични стандарди за убавина и според тоа што за вас претставува секси. Престанете да размислувате што родителите, момчето или пријателите ви кажуваат да бидете.

Ако сакате мускулеста градба, огледајте се на Мишел Обама и фатете се за работа. Ако ги сакате облините на Џеј Ло или Бијонсе, тогаш вежбајте напорно и хранете се здраво. Но, запомнете, ако се обидувате да бидете секси за другите, а не за самите себе, тогаш само играте некаква замислена улога. За да бидете навистина секси, мора така да се чувствувате и однатре.

Прифаќање на сопственото тело

Постојат многу жени што не се чувствуваат удобно во својата кожа. Време е да го прифатите сопственото тело онакво какво што е. Силата да се прифати изгледот на сопственото тело доаѓа од свесноста за тоа колку сте вие важни. Прифатете го со сите свои несовршености и изборете се за телото кое го сакате и заслужувате.

Да сумираме. За зголемување на самодовербата вежбајте позитивно размислување. На неколку ливчиња запишете ги вашите најголеми позитивни страни. Налепете ги низ домот, постојано потсетувајте се на нив и станувајте посамоуверени. Прифаќајте комплименти. Кога некој ќе ве пофали за нешто, верувајте дека тоа е навистина така. Ценете ја убавината што другите ја гледаат во вас. Прифатете се. Престанете самите да се омаловажувате. Престанете да се осудувате дека сте преслаби, предебели и да следите некои општоприфатени норми за убавина, кои само ве депримираат. Не осудувајте ги предебелите или преслабите луѓе. Тоа е вистинскиот начин и вие да се прифатите себеси и да престанете да се споредувате со останатите. Сменете си го сопствениот став за себе, сменете си го животот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар