КАФЕ ПАУЗА

12 креативни начини да уредите мал стан

12 креативни начини да уредите мал стан

Големината на вашиот дом не е важна, туку топлината која владее во него. Ова се 12 креативни начини да уредите мал простор, да го направите функционален и визуелно поголем.rn

1. Одберете долги завеси

rnПоставете ги завесите високо до таванот така што вашите прозорци ќе бидат визуелно поголеми, а воедно и целата просторија.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

2. Офарбајте го мебелот

rnДоста креативно решение за да внесете разиграност во вашето место на живеење. Доколку ги обоите ѕидовите во различни бои просторот може да делува позатворен, затоа, ако сакате да внесете боја во вашиот дом, подобро решение е да го исфарбате мебелот во светли и привлечни бои.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

3. Двојна функција

rnСекаде каде што имате прилика направете ги нештата што пофункционални. На пример, покрај ѕидот во дневната соба поставете долга маса со повеќе фиоки која може да ви служи како работно биро, а кога ќе се расчистат материјалите воедно да ви служи и како бар или маса со закуски доколку приредувате забава.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

4. Сокријте

rnЖивеењето во стан често подразбира справување со работи кои не можете да ги промените. Непотребните работи како кабли, прекинувачи и слично, можете да ги „маскирате“ на пример со ѕидни слики.rn

5. Плус просторија

rnДа претпоставиме дека живеете сами, со партнер или со цимер/ка. Трпезариска просторија не ви е потребна па најдобро би било просторот да го преуредите и да го искористите порационално.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

6. Искористете ги ѕидовите

rnНајпаметен начин за заштеда на простор е поставување полици на ѕидовите. Практични се, убаво изгледаат и заштедуваат многу простор.rn

7. Дополнителен простор

rnСекогаш е добра опција да додадете полици во кујната за да добиете дополнителен простор за чување храна.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

8. Ќилими

rnДоколку сте под кирија или немате средства за поскапи зафати, може да се соочите со под кој не одговара на стилот во вашиот стан. Најдобро решение е да вложите во ќилими кои ќе го покријат она што вас не ви е по мерак.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

9. Висок мебел

rnСо одбирањето на повисок мебел визуелно ја зголемувате просторијата. Колку полиците на вашата комода се поблиску до таванот, толку вашата дневна соба ќе изгледа поголема.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

10. Огледала

rnЗакачете огледала во станот за да креирате илузија на поголем простор. Одберете огледала со рамки кои ќе го нагласат декорот. Секако, без претерување.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

11. Искористете стари парчиња мебел

rnДоколку имате плакар кој никако не се вклопува во вашето уредување, извадете ги вратничките и префарбајте го. Најголемиот простор во средина искористете го за закачување палта, најдолу за чување на обувки, а доколку ви треба плус простор, може да најдете доста евтини големи кутии за чување на корисни работи кои ќе ги поставите на другите полици. Ете толку лесно од стариот плакар ќе си наравите совршено парче мебел за во ходник или за во претсобје.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

12. Отстранете ги вратите од плакарите

rnВратите од плакарите заменете ги со интересни завеси со цел да заштедите простор и да добиете поголема пристапност.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.