Како да останете продуктивни во текот на целото работно време?

Како да останете продуктивни во текот на целото работно време?

Навистина е голем предизвик да останете продуктивни за време на целиот ден додека сте на работа. Но, постојат неколку начини на кои можете да успеете во тоа. „Личната продуктивност е клучната разлика помеѓу оние кои се успешни во своето поле и оние кои не се“, вели Брајан Трејси, автор на книгата „Изеди ја жабата: 21 начин да престанете да ги одложувате работите и да почнете да завршувате повеќе за помалку времеКако да останете продуктивни во текот на целото работно времеГолем дел од луѓето се жалат дека не се успешни и постојано бараат некои трикови како да се подобрат, но тајната е дека всушност нема тајна. Доколку сакате да успеете едноставно треба многу да работите, да останете продуктивни и паметно да го користите вашето време. Погледнете ги наредниве неколку начини благодарение на кои можете да ја подобрите вашата продуктивност и со тоа да бидете еден чекор поблиску до успехот.

Без појадок – без енергија

Одреден вид храна за појадок може да ја подобри вашата продуктивност и да ви даде повеќе енергија за добар почеток на вашиот ден. Ако имате добар извор на витамин Б ќе ја подобрите вашата концентрација и со тоа ќе можете да размислувате подобро за време на утрата. Доколку сте во брзање, обидете се да ја замените шолјата кафе на празен стомак со барем една чаша вода и една чаша свежо цеден џус. Ова ќе му помогне на вашиот организам да не дехидрира и истовремено ќе ви овозможи доволна количина на витамини.

Планирајте ја вашата работа

Направете листа од нештата кои треба да ги завршите во текот на денот. Дајте им приоритет на оние задачи кои се поитни и довршете ги оние нешта кои сè уште чекаат од претходниот ден. На овој начин многу полесно ќе можете да се сконцентрирате на поголемите проекти и задачи. Доколку немате план за работа, ризикувате да ја намалите концентрацијата и да пропуштите дел од вашите најважни задачи. Токму затоа ви препорачуваме да ги завршите прво малите, итните или иритирачките задачи, а потоа да го имате останатиот дел од денот слободен за покреативните задачите.

Кажете НЕ

Секогаш е добро доколку им помагате на вашите колеги и пријатели, но еден ден има само 24 часа. Голем дел од луѓето имаат проблем со кажувањето „не“ и токму затоа си преземаат поголем товар отколку што можат да поднесат во текот на еден ден. Кога еднаш ќе ве прекинат и ќе ви го одвлечат вниманието на некоја друга задача, потоа многу е тешко да се вратите на она што претходно сте го правеле, а уште потешко е да продолжите продуктивно да работите. Меѓу другото, за да останете продуктивни исто така ќе мора и да се одмарате па затоа обидете се да не го исполнувате целиот ден со работни задачи. Најдете време и за одмор.

Земете воздух и опуштете се

Луѓето можат да останат фокусирани на одредени задача максимум до 90 минути без прекин. Правењето кратки паузи може да ја подобри продуктивноста во работата и токму затоа пробајте да развиете навика со која ќе се опуштате. Доволно е одвреме-навреме да станете од вашата работна маса, разговарајте со вашите колеги, земете си нешто за јадење, правете мали вежби или кои било други активности кои ќе му помогнат на вашиот мозок да се релаксира.

Но, бидете внимателни да не претерате со должината на паузите. За одмарање доволни ви се 5-10 минути после кои ќе можете да останете активни подолго време и да се вратите на вашата работа со свеж ум. Доколку сте под стрес, обидете се да ги затворите очите и да дишете длабоко неколку минути. Ќе се изненадите колку брзо ќе успеете да се смирите.

Употребувајте ги соодветните алатки за работа

Постои голем избор на софтвери кои се бесплатни и лесни за употреба а можат да ја зголемат вашата креативност и да ја направат вашата работа полесна. Можете да ги користите Dropbox, Cubby или Google Drive за да ги чувате вашите документи онлајн. Забележувајте ги вашите идеи или снимете ги проблемите на кои треба да работите на едно место со помош на Evernote.

Користете тајмер

Поделете ги вашите работни часови во сесии од по 90 минути. За да останете фокусирани употребувајте тајмер. Pomodoro може да ви помогне за таа цел. Или пак, доколку сакате нешто покомплексно, како на пример, да ја зачувате историјата на вашите задачи и работни часови, можете да ја пробате и апликацијата за Андроид Mobile Worker.

Па, дали мислите дека е можно да се остане продуктивен во текот на целиот ден? Одговорот е „да“. За да можете да го постигнете тоа мора да научите константно да ги слушате вашите лични потреби и во истата онаа минута кога ќе забележите дека нешто не е во ред, веднаш сменете ја активноста за да не се заглавите во моментот. Бидете свесни за време на сите ваши активности, исхранувајте се здраво, одмарајте се добро, правете паузи, планирајте однапред и одберете соодветни алатки за работа со кои ќе можете да бидете многу попродуктивни од претходно.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар