Како да направите промени кои ќе бидат трајни?

Како да направите промени кои ќе бидат трајни?

Кога сакаме имаме некаква цел го менуваме нашето однесување како и нашите навики бидејќи сме свесни дека за да постигнеме нешто треба да направиме одредени промени. И тоа е во ред, но колку често се држиме до своите ветувања? Колку често сме се одлучиле на промена без потоа да се вратиме на старите навики?

Како да направите промени кои ќе бидат трајни?

Одете чекор по чекор

Најчесто кога се одлучуваме за промени сакаме да промениме сè одеднаш. На пример, сте одлучиле повеќе да се грижите за своето здравје, и правите план. На почеток ви изгледа едноставно а имате и енергија и мотивација да го спроведете во акција. Па така се залетувате во рок од една недела нагло да го смените начинот на исхрана, да почнете да вежбате, повеќе да се движите и да преземете сè што е потребно за да ја постигнете целта. Наскоро кревате раце и се враќате на стариот режим.

Замислете дека влегувате во када полна со ладна вода. Нели одите полека прилагодувајќи го телото на температурата? А што ќе се случи ако веднаш скокнете во ладната вода? За промените потребно е време, треба да го приспособите телото и умот на некаков нов режим. Доколку избрзате најверојатно ќе изгубите волја и ќе постигнете сосема спротивен ефект. Затоа одете чекор по чекор, не брзајте.

Ако се задржиме на претходниот пример тоа би значело дека прво ќе одлучите да ја намалите количината на храна која ја консумирате, па да почнете со лесни вежби, да престанете да консумирате многу јаглехидрати, па да почнете со пешачење и слично. Ниедна промена не се случува преку ноќ.

Како да направите промени кои ќе бидат трајни?

Заменете ги лошите навики наместо да ги отфрлите

Во природата на секој од нас е да го посакуваме она што ни е забрането. На пример, ако сте одлучиле да престанете да јадете чоколада бидејќи претерано консумирате слатки работи, тогаш како за инает постојано ќе мислите на чоколада сè додека не подлегнете на искушението да изедете цела табла чоколада.

Наместо да си забранувате нешто, научете како паметно да го замените со нешто друго. На пример, дефинирајте кога најмногу ви е потребна чоколадата. Дали кога сте под стрес или кога чувствувате емоционална нестабилност? Повикајте ги пријателите и излезете на прошетка, посетете ги роднините или опуштете се во пенлива када со релаксирачка музика или пак со добра книга.

Како да направите промени кои ќе бидат трајни?

Неуспехот не смее да ви биде опција

Ако уште на почеток си речете „Можеби нема да успеам, но ајде да пробам“, вие потсвесно себеси си давате опција да не успеете. Неретко и нема да вложите доволно труд велејќи си дека е сосема нормално ако не успеете и дека тоа е прифатливо за вас.

Секако дека ќе имате моменти кога ќе изгубите волја или ќе се вратите еден чекор назад, но тоа не значи дека ќе се вратите на самиот почеток. Неуспехот не смее да ви биде опција. Едноставно зададете си задача да ја постигнете зацртаната цел. Не размислувајте дека можеби нема да успеете, туку осврнете се на тоа колку ќе бидете горди на себе кога ќе доживеете успех.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар