Венеција е доволно необично место за да привлече илјадници туристи кои секој ден се восхитуваат на сето она што таа има да го понуди. Но, градот којшто преку ден врие од туристи, навечер добива сосема поинаков амбиент.rnrn
rnrnОние кои ја посетуваат Венеција попладне се прибираат во некое од соседните многу поевтини гратчиња каде што обично отседнуваат. Рестораните и кафулињата не работат до доцна во ноќта, така што веќе на полноќ владее тишина. Тоа е одличен момент за полноќна прошетка во која Венеција може да се доживее со сета своја грациозност низ призма на мистериозноста и магијата кои го носи ноќта.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
