Зошто ако сте неразделни со партнерот ќе имате полош сексуален живот?

Зошто ако сте неразделни со партнерот ќе имате полош сексуален живот?

Раздвоеноста ги распалува страстите во врските. Истражување кое се работело во соработка со 2.000 парови, покажало дека оние партнери кои поретко се гледаат, имаат подобар сексуален живот и редовни сексуални односи, за разлика од оние кои се неразделни.Зошто ако сте неразделни со партнерот ќе имате полош сексуален живот?Истражувачите ги прашувале паровите колку дена во текот на еден месец ги поминуваат раздвоени и колку често водат љубов. Резултатите покажале дека паровите кои поретко се гледаат, имаат подобри и почести сексуални односи.

Докторката Тери Орбуч, која учествувала во истражувањето, го објаснила овој феномен. Кога започнуваме љубовна врска, три работи се главни „виновници“ за летањето на пеперутките во нашиот стомак: новитетот, мистеријата и возбудата. Сепак, како што се развива односот, така љубовта се зголемува, а страста се намалува. Времето кое го поминувате одвоено од својот партнер, во некој друг град или со нови луѓе, одново ја оживува таа страст, тврди Тери. Времето посветено на самите себе, е многу важно за развојот на врските. Тоа нè прави посилни и посамоуверени, што пак позитивно се одразува и на нашата врска. Воедно, тоа ја зајакнува довербата помеѓу партнерите.

Кога ќе се каже „одвоеност“, не се мисли само на патувања. Времето поминато одвоено од вашиот партнер може да биде и одење на кафе со пријателите, излегување во град или обична прошетка. Важно е само паровите да не бидат константно заедно, бидејќи тоа дефинитивно го загрозува нивниот љубовен и особено сексуалниот живот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар