Верувале или не, обликот на вашите веѓи говори многу за вашата личност и потсвесно им испраќа некаква порака на другите луѓе. Според мислењето на фацијалниот експерт Жана Ханера, веѓите ја отсликуваат нашата самодоверба, организациските способности, мотивацијата, како и начинот на кој донесуваме одлуки.rn
Кратки веѓи
rnТие сигнализираат дека си имате работа со личност која не се потресува многу. Луѓето кои имаат кратки веѓи како оние на Бритни Спирс, не се заинтересирани да се носат ни со драмата на нивните пријатели.rnrn
rn
Долги веѓи
rnЛуѓето со долги веѓи многу добро се справуваат со стресот и имаат повеќе пријатели кои секогаш ќе ги сослушаат и ќе се обидат да ги решат нивните проблеми. Обично се добри работници, кои можат да се носат со големи проекти и се натпреварувачки расположени.rnrn
rn
Тенки лакови
rnПриродно тенките или ретки веѓи симболизираат луѓе кои се сомневаат во себе. Тие се несигурни и повеќе им веруваат на другите луѓе отколку на себе. Многу се внимателни и во нивниот живот држат сè под контрола.rnrn
rn
Природно полни веѓи
rnДебелите веѓи како оние на моделката Кара Делевињу симболизираат активна личност. Тие се природно самоуверени личности кои главата ја држат цврсто на раменици и брзо сфаќаат што се случува околу нив. Некогаш брзо се нервираат, доколку некој ги кочи во остварувањето на нивните желби.rnrn
rn
Веѓи со висок лак
rnВеѓите кои се поставени високо над очите и се многу заоблени, какви што се оние на Меган Фокс, опишуваат личност која не е баш достапна и се држи на дистанца бидејќи е малку чувствителна. На овие луѓе им е потребно повеќе простор и време за да се вклопат во нивната околина. Важат за перфекционисти и имаат одличен вкус.rnrn
rn
Низок лак
rnВеѓите кои се поставени блиску до очите говорат дека најверојатно станува збор за ведра и комуникативна личност, која си ги исполнува своите ветувања. Дури постои и прекар за ваквите веѓи, тренерски веѓи, бидејќи луѓето кои ги имаат ќе останат покрај вас сè додека не победите.rnrn
rn
Кружни веѓи
rnВеѓите кои имаат полукружен лак, како оние на Бијонсе, најчесто опишуваат исклучително љубезна личност која секогаш мисли на туѓите потреби. Тие најчесто се тактични во нивната комуникација и секогаш гледаат да го извлечат најдоброто од секој разговор. Овие личности сакаат да бидат во врска.rnrn
rn
Рамни веѓи
rnВеѓите кои изгледаат како рамна линија, говорат за личност која размислува логично кога е во прашање донесувањето одлуки. Тие се мислители кои ја ценат логиката и обично не се премногу емотивни.rnrn
rn
Шпицести веѓи
rnЛуѓето кои имаат малку шпицест лак на веѓите, како оние на Оливија Вајлд, се личности кои сакаат забава, брзо размислуваат, брзо зборуваат, брзо носат одлуки и постојано им е потребна стимулација. Овие луѓе се спонтани и имаат одлична смисла за хумор.rnrn
rn
Многу искубани веѓи
rnСо оглед на тоа што веѓите ја отсликуваат нашата самодоверба, доколку некој премногу ги искубе своите, тоа може значително да го намали нивото на нивната самодоверба и можноста за донесување мудри одлуки. Луѓето со претенки веѓи привлекуваат кон себе „пријатели“ кои ќе мислат дека можат да ги згазат, бидејќи изгледаат дека имаат најниско можно ниво на самодоверба.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
