МАНГО: Каталог за колекцијата есен-зима, 2013/14
Автор: Ема Јакимовска
Јакните, фармерките и кошулите изработени од џинс се дел од каталогот на Манго и оваа есен. Панталоните во машки крој, џемперите, сакоата и кратките здолништа, внесуваат доза на едноставност и елегантност, кои овие парчиња облека ги прават севременски.
Главниот акцент оваа година е на црната, белата, сината и црвената боја, а неизбежно присутен е и карираниот дезен.
Во колекцијата на Манго ќе наидете на модерни, секојдневни и практични парчиња облека, кои секако заслужуваат да бидат дел од вашиот изглед.
Во продолжение погледнете дел од каталогот на Манго за есен-зима, 2013/14, со моделот Ана Селезвена. Уживајте.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.