Зошто трилогијата „50 нијанси на сиво“ е толку популарна? Најверојатно бидејќи во неа се зборува за забранетиот секс и табуата поврзани со грубиот секс. Бројни истражувања покажуваат дека ваквиот вид секс е најпопуларна фантазија и на мажите и на жените.rnrn
rnrnФантазиите играат многу важна улога во одржување на возбудливоста на сексот во долгите врски и во бракот. Потребно е многу труд за сексот да остане интересен со личноста со која долго време сте заедно, бидејќи најголемата ерогена зона на човекот е мозокот. Токму затоа треба да го пуштите мозокот да лута и да замислувате што би било добро за вашиот сексуален живот. Кога станува збор за фантазии тешко е да се избегне фантазијата за груб секс, бидејќи постојат работи кои можат да бидат многу, многу секси.rnrnМожеби е време да размислите како можете да ја подигнете температурата во спалната соба.rn
1. Размислете малку за работите
rnРазмислете за сексуалните фантазии кои ве возбудуваат. Дали вашата цел е да чувствувате физичко или емоционално задоволство? Што точно сакате и колку далеку сте спремни да одите?rn
2. Опуштете се и предајте се
rnЗа разлика од повеќето мажи, женскиот мозок игра огромна улога во сексуалните активности, задоволството и препуштањето. Способноста да се препуштите на моментот е најважен дел од процесот. Ова значи дека му верувате доволно на партнерот за да ги „спуштите“ заштитните ѕидови и да се опуштите. Кога ќе бидете спремни да го направите ова, се создаваат можности за нови прилики и токму тоа е патот до нешто ново.rn
3. Почнете да разговарате
rnСпротивно од сѐ што ве имаат убедувано некои мажи, навистина е секси да му се отворите на партнерот и да му кажете што точно сакате. Наместо да зборите за тоа што не го сакате, подобро разговарајте за тоа што ве возбудува и за меѓусебните фантазии. Клучот до успешното сексуално задоволство е отворена комуникација, затоа постојано разговарајте со партнерот.rn
4. Забавете
rnВоведувањето на нови работи не значи дека одма морате да се облечете во кожен комбинезон или да го извадите камшикот уште првата вечер. Наместо тоа, тргнете со мали чекори. Експертите во ова поле се сложуваат дека за почетниците добар потег е играњето улоги, за кои не се потребни никакви помагала. Играњето собарка и гостин во хотел или крадец и осамена домаќинка или нешто слично, може да биде вашиот прв чекор.rnrnАко глумата не е ви се допаѓа, пробајте со врзување на очите со превез и разгалување на сетилата. Донесете чинија со овошје, чоколадо, вино, лед, ментол бонбони и експериментирајте.rn
5. Играчки и локации
rnКога ќе дојде вистинското време за тоа, испробајте некоја нова играчка или направете го тоа на некоја необична локација. Почнете со поситни играчки, како лисици, свилени траки и слично. Со траката покрај тоа што можете да му ги покриете очите или да го заврзете, можете и стратешки да покриете делови од вашето телото.rn
6. Сакајте се себеси
rnОва може да значи многу работи, но се однесува на тоа да се грижите за себе и да се цените. Уште еден трик за градење на високо ниво на самодоверба е да носите секси долна облека и надвор од спалната соба и тоа под најнормална облека. Така цел ден ќе се чувствувате секси. Но, ова не се однесува само на долната облека. Најважна е состојбата на умот и како размислувате за себеси. Тој ве сака каква што сте, а ќе продолжи да ве сака уште повеќе кога и вие ќе почнете да се сакате себеси.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
