Не само што песните на Заз секогаш се со лесен и заразен ритам, туку имаат и одлични текстови кои претставуваат мирен и тивок бунт против ирационалноста на денешното општество. Стиховите кои таа ги пее секогаш изобилуваат со космополитизам и се осврнуваат на убавата страна на опкружувањето.
Во продолжение следуваат стиховите од нејзиниот хит „Ние“ (On Ira) и видеото од песната во кои ги воспева различностите на овој свет. Прочитајте ја, видете ја и слушнете ја разиграната и харизматична Французинка како ви ја сервира убавата страна на животот.Некои ќе го наслушнуваат Харлем на работ на Менхетнrnнекои ќе прават чај крај пазарите во Аманrnнекои ќе пливаат во водите на Сенегалrnа некои ќе го гледаат Бомбај како блеска под Бенгалскиот оган
Некои ќе се обидат да го дофатат небото над Кјотоrnнекои ќе го почувствуваат биењето на срцето на Рио де Жанеироrnнекои ќе го свртат погледот кон таванот на Сикстинската капелаrnа некои ќе наздравуваат во Кафе Пушкин
О, колку среќа имамеrnшто човештвото е обоено во илјадници боиrnкои ги споделуваме преку нашите различностиrnна крстосницата каде што судбините се среќаваат
Вие сте ѕвездите а ние сме вселенатаrnвие сте зрно песок а ние сме пустинатаrnвие сте илјадници реченици а јас сум моливот што ги пишува
Вие сте хоризонтот а ние сме моретоrnвие сте годишните времиња а ние сме земјатаrnвие сте брегот а јас сум пената што ја создава морето
Некои ќе речат дека поетите немаат националностrnнекои ќе направат веселба во чест на пар хероиrnнекои ќе знаат дека децата се чувари на душатаrnи дека има онолку кралици колку што има и жени
Некои ќе речат дека запознавањето нови луѓе е најубавото патувањеrnнекои ќе сфатат дека го заслужуваат само она што го споделуваатrnнекои ќе слушаат музика од далечни земјиrnи ќе го дадат најдоброто од себе
О, колку среќа имамеrnшто човештвото е обоено во илјадници боиrnкои ги споделуваме преку нашите различностиrnна крстосницата каде што судбините се среќаваат
Вие сте ѕвездите а ние сме вселенатаrnвие сте зрно песок а ние сме пустинатаrnвие сте илјадници реченици а јас сум моливот што ги пишува
Вие сте хоризонтот а ние сме моретоrnвие сте годишните времиња а ние сме земјатаrnвие сте брегот е јас сум пената што ја создава морето
Вие сте ѕвездите а ние сме вселенатаrnвие сте зрно песок а ние сме пустинатаrnвие сте илјадници реченици а јас сум моливот што ги пишува
Вие сте хоризонтот а ние сме моретоrnвие сте годишните времиња а ние сме земјатаrnвие сте брегот е јас сум пената што ја создава моретоrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

