Најчестите заблуди за стриите

Сподели

Појавата на стриите, кои всушност се оштетено сврзно ткиво, зависи од гените, односно колку вашата кожа е растеглива, како и колку е снабдена со колаген и витамин Е. Ова се неколку митови поврзани со оваа непосакувана појава.

Реклама

rn

1. Само трудниците можат да имаат стрии

rnСтриите во поголема или помала мера се јавуваат кај сите трудници, но се појавуваат и кај сите луѓе кои нагло ќе се здебелат или ослабат.rn

2. Стриите можат да се спречат

rnРизикот од наставување на стрии ќе се намали само доколку внимавате на исхраната и ги држите килограмите под контрола. Радикалните промени на тежината со сигурност доведуваат до појава на стрии на кожата.rn

3. За време на бременоста, стрии се појавуваат само на стомакот

rnЗа време на бременоста, најголемиот број на стрии се појавуваат на стомакот, бидејќи таму кожата најмногу се растегнува, но се појавуваат и на градите, задникот, бутовите и на надлактиците.rn

4. Кога се слабее тие не се појавуваат

rnВо некои случаи ова е точно, но кога стриите веќе се настанати, големи се шансите за нивна повторна појава, бидејќи растегнатата кожа тешко се враќа во првобитната состојба.rn

5. Стриите можат да исчезнат со повремена употреба на крема

rnЗа да се ослободите од стриите, морате да бидете исклучително упорни и дисциплинирани, особено доколку користите само домашни третмани. Многу е важно да нанесувате крема на спорните места, двапати дневно. Таа нема толку многу да делува на веќе создадените стрии, туку повеќе ќе делува превентивно за да не настанат нови.rn

6. Малите деца и тинејџерите не можат да имаат стрии

rnТокму во тие години зачестена е појавата на стрии, а најчест предизвикувач е наглото извишување. Меѓутоа во тие години стриите многу побрзо избледуваат, за разлика од подоцнежните години.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира