Надреални фотографии од живописни пејзажи со полиња
Фотографката Лиза Вуд од Ајдахо, САД ги претвора навидум обичните фотографии од полиња, во прекрасни, надреални и богато обоени селски пејзажи, од кои застанува здивот. Насловена „Art of Farmland“, оваа фотосерија е создадена како резултат на користење тајмлепс техника и комбинација од повеќе експозиции. Овие трикови убаво испреплетени создаваат импресивен ефект во фотографиите, кој отпрвин не изгледа толку очигледен, но е видлив доколку се загледаме подлабоко.
„Се надевам дека гледачите ќе имаат прилика да ги погледнат руралните пејзажи од поинаква перспектива и дека ќе ја ценат имагинацијата зад овие фотографии и расположенијата кои ги евоцираат“ – вели артистката.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.