Слатки бебиња се покажуваат со јаки мускули и карате потези
Фотографиите со бебиња се дефинитивно забавно обележје на денешницата. Ги гледаме поспани, како дел од креативни сцени, па дури и пред да се родат. Тие се непресушен извор на инспирација за креативни фотки. Овој пат се работи за кампања за подигнување на свеста на мајките за здрава бременост со цел, кога ќе се породат, да имаат здраво бебе. Кампањата е на Одделот за здравство во Милвоки, а креатор на фотографиите е чикашкиот фотограф Ерик Сарман.Тој ги прикажал снажните бебиња на комичен начин. Но, неговата задача не била лесна. Прво биле направени скиците за она што треба да се добие како краен производ, а потоа бил организиран кастинг на кој учествувале 30 бебиња на возраст од 3 до 18 месеци. Од сите нив, тој избрал 5 кој ги фотографирал.
Во процесот му помагале професионалци за да ги доведат бебињата во потребните позиции, продуценти, стилисти, како и родителите кои биле желни да ги држат своите мали дечиња под јаките светла на сцената.
Крајните слики се композиции од 15 различни фотографии споени во една целина. Загледајте се во деталите. Секој израз е вистински и убедливо нè тера да мислиме дека секое од овие бебиња може да не искрши од ќотек. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.