Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење

Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење

Оваа огромна скулптура на змеј е иновативна креација целосно направена од 10.000 кинески стапчиња за јадење. Змејот е направен за да го промовира отворањето на ресторанот„Aziatage Café“ во Екатеринбург, Русија минатата година. За да го привлечат вниманието на минувачите, маркетинг агенцијата Voskhod ги ангажирала момците од агенцијата StreetArt кои помогнале во осмислувањето на оваа интересна кампања.Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадењеСекој случаен минувач кој сакал да учествува во креирањето на големиот змеј, добивал по еден пар стапчиња за јадење. Едното го сместувал во однапред направени дупчиња на таблата, притоа замислувајќи си желба, додека второто стапче служело како потврда за 10% попуст за првиот оброк во ресторанот. Големиот змеј се наоѓал веднаш до главниот влез на ресторанот, а во видеото подолу ќе можете да го погледнете целиот процес на создавање на змејот.Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар