КАФЕ ПАУЗА

Митови за мажите кои не се ни блиску до вистината

Митови за мажите кои не се ни блиску до вистината

Written by

in

Мажите се мистериозни, но од друга страна и жените знаат да бидат. За двата пола кружат голем број митови, кои често се обични измислици. Ова се неколку од најпознатите митови за мажите кои не држат вода.Митови за мажите кои не се ни блиску до вистинатаrn

Мислат на секс по цел ден

rnОвој мит со сигурност сте го чуле. Според митот, мажите помислуваат на секс на секои 7 секунди, што автоматски значи дека по цел ден мислат само на секс. Едно истражување што го направил институтот „Kinsey“ покажува дека 54% од мажите мислат на секс секој ден, додека 43% мислат на секс неколку пати неделно. Постојат и мажи кои уште поретко помислуваат на секс.rn
rn

Не сакаат многу да зборуваат

rnПостојат истражувања кои покажуваат дека жените изговараат повеќе зборови од мажите во текот на еден ден. Сепак тоа не е вистина, бидејќи и мажите и жените зборуваат отприлика исто, а во некои случаи мажите се и позборлести. Очигледно проблемот лежи во тоа што жените поретко знаат да поставуваат вистински прашања.rn
rn

Не сакаат врски

rnОвој изговор сѐ уште им дава сила на жените да прејдат преку фактот дека налетале на незгоден тип. Истражувањата покажуваат дека само 20% од мажите не сакаат туку-така да влезат во врска, додека остатокот од нив многу лесно се впуштаат во врска.rn
rn

Не сакаат жената да го направи првиот чекор

rnОва најверојатно го измислиле посрамежливите жени, бидејќи повеќето мажи се изјаснуваат дека сакаат кога жените ја преземаат иницијативата. Доколку одбијат жена, тоа не значи дека ја одбиле затоа што таа го направила првиот чекор, туку бидејќи едноставно не им се допаѓа.rn
rn

Се плашат од успешни жени

rnНекои од нив да, но поголемиот дел од мажите немаат проблем со тоа нивната понежна половина да биде успешна и да знае што сака. Оние кои се плашат од успешни жени, пополека стануваат вид во исчезнување.rn
rn

Големината на стапалата и дланките не значи ништо

rnМитовите дека по големината на стапалата и дланките можеме да дознаеме колкав му е пенисот на еден маж се тотални бесмислици. Истражувањето на Универзитетот во Лондон, покажува дека едното со другото си нема никаква врска, што е добра вест за оние со мали дланки и стапала.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn