Направете си свои плацебо капсули

Направете си свои плацебо капсули

Колку повеќе го изучуваме мозокот, толку повеќе мистерии откриваме. Плацебо ефектот е еден од најголемите примери за ова. Тоа е општ концепт во психологијата кој објаснува како индивидуите можат да добијат физички и психолошки ефекти од „апче“ дури и тогаш кога не постојат никакви медицински состојки во него. Најчестите плацебо апчиња се само „шеќерни апчиња“ маскирани во „вистинска медицина“.

(1) Направете си свои плацебо капсули

Причината поради која овој плацебо ефект функционира се очекувањата на нашиот мозок дека тој лек би требало да ни влијае позитивно и нашиот ум и тело на некој начин ги остваруваат тие очекувања. Плацебо ефектот е доказ дека нашиот ум има некакво влијание врз нашето тело. Тоа не значи дека можеме да го употребуваме за да излечиме сериозни болести или нарушувања (вистинската медицина сè уште има причина за постоење), но сепак овој ефект може да биде корисна алатка за создавање на мали подобрувања во нашето општо здравје, расположение и добросостојба.

Најчесто плацебо апчињата се препишуваат без пациентот да знае дека тие се невистинити, но новите студии покажуваат дека овие апчиња функционираат дури и кога пациентите ја знаат вистината за нив. Токму овие истражувања ни укажуваат дека секој од нас може да си направи плацебо апче и да добие позитивен фидбек од него. Погледнете ги наредниве основни инструкции според кои можете да создадете ваша лична плацебо капсула.

1. Купете празни капсули. Можете да ги најдете во некои аптеки.

2. Наполнете ги празните капсули со безопасна супстанца, како шеќер.

3. Најдете празно шише за апчиња.

4. Извадете ја старата етикета.

5. Одберете што сакате да подобрите кај себе. На пример:

  • Фокусирање
  • Волја
  • Релаксирање
  • Среќа
  • Интелигенција

6. Направете нова етикета со името на вашите плацебо апчиња. Можете да ги наречете некако едноставно, како на пример, „Капсула за интелигенција“ или можеби би можеле да смислите некое покреативно и поинспиративно име како „Капсула за Супер Гениј како Алберт Ајнштајн“.

7. Додадете инструкции на етикетата. На пример, „Земете една капсула дневно за подобрување на волјата, мотивацијата и самодисциплината“.

8. Залепете ја новата етикета на шишето.

9. Пијте по едно апче секое утро кога ќе чувствувате дека ви е потребна мала помош.

10. Направете повеќе плацебо капсули за различни нешта и потоа одлучете кои од нив кога би ги пиеле.

Секако, овие апчиња не се вистински и не смеете да ги користите како замена за кои било медикаменти. Станува збор само за шеќер. Оваа терапија може да се користи само како забавен начин за подобрување на вашата мотивација и однесување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар