Претходно
10 несекојдневни употреби на лак за нокти
Датум: 03 сеп 2013
Коментари: 0
Покрај тоа што можете да си го разубавите изгледот на ноктите, постојат и голем број несекојдневни употреби на лаковите за нокти. Ова се 10 начини на кои можете да го употребите лакот за нокти за секојдневни работи и проблеми.
Со лак можете да го освежите вашиот накит
Да ги обоите клучевите за да можете да ги разликувате
Да го обложите делот од обетките кој ја допира кожата на увото за да се елиминира појавата на иритации и алергии
Обложете го врвот од конецот со лак за нокти за полесно да го протнете низ иглата
Лакот може да ви послужи како течен ханзапласт
Да го спречите ресењето на платнените патики
Да го спречите потемнувањето на бижутеријата
Да залепите коверт
Нанесете лак на дупчето на хулахопките за да не ви се скинат по целата должина
Заштитете ги металните предмети по дома за да не ви ’рѓосаат
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.