Луди и нездрави диети на познатите кои не треба да ги практикувате
Холивуд е преполн со згодни актерки, пејачи и манекенки. Сите луѓе сакаат да ја откријат тајната на нивниот добар изглед, но тоа не е баш лесна мисија. Притисокот под кој се наоѓаат славните личности, често ги тера да се одлучат за многу екстремни диети. Притисокот поради недоволно време, а поголем број килограми кои треба да се изгубат, најчесто резултира со погрешна одлука.
Натали Портман: бадеми и моркови
За да го постигне изгледот на вистинска балерина, за потребите на филмот „Црниот лебед“, таа се изгладнувала. Актерката за време на снимањето, кое отприлика траело една година, јадела само бадеми и моркови. Иако нејзината посветеност заслужува пофалби, истражувањата предупредуваат на негативните ефекти од недоволно јадење. Помеѓу останатото, изгладнувањето доведува до губење на коскената срж, паѓање на имунитетот, оштетувања на мозокот и срцето. Тоа е превисока цена, за Оскарот кој на крај го освои Портман.
Бијонсе: течна храна
Таа беше фантастична во мјузиклот „Dreamgirls”. За да биде во одлична форма при одигрувањето на улогата, таа се ставила на ригорозна диета. Пејачката јадела само течна храна и за три недели изгубила девет килограми. Лекарите предупредуваат дека екстремно ниското внесување на калории за кое се одлучила Бијонсе е многу штетно за организмот. Таа признала дека била многу нервозна за време на детоксикацијата и дека по завршувањето на диетата многу брзо ги вратила килограмите.
Рене Зелвегер: јо-јо диета
Таа ги воодушеви сите нејзини фанови со улогата на Бриџит Џоунс, во серијалот за оваа несекојдневна жена. Но, по двојното губење и враќање на килограмите со јо-јо диетата, таа не воодушевува со своето тело. Експертите истакнуваат дека јо-јо диетите имаат и физички и психички последици по здравјето на луѓето. Штетните ризици се зголемен ризик од инфаркт, мозочен удар, камен во бубрег, дијабетес, депресија и енормно зголемување на килограмите.
Деми Мур: пореметување на исхраната
Навистина беше тешко да не се забележи дека Деми Мур губеше сè повеќе и повеќе килограми кога почнаа да се шират гласините за неверството на Ештон. Еден нутриционист за нејзиниот изглед искоментирал дека е резултат на неумерено вежбање и ниско внесување на калории, што довело до сериозно пореметување во исхраната.
Меган Фокс: изгладнување кое ѝ го одзеде здравјето
Таа ја шокираше јавноста со своето драстично губење на килограмите. Сепак, подоцна актерката призна за своите пропусти и кажа дека живеела нездраво изгладнувајќи се. Мислејќи дека така ќе изгледа подобро, почнала да ѝ паѓа косата, а како резултат од изгладнувањето дошло и до појава на депресија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.