Домино часовник
Живееме во неверојатно брз свет. Најразличните аларми, потсетници и известувања не водат низ секојдневието со неверојатна прецизност. Спротивно на притисокот и стресот со коишто се соочуваме секојдневно, овој домино часовник, го зема едноставниот и иконски дизајн на доминото и го трансформира во нов начин на прикажување на времето.Трите големи домина се опремени со јасни ротирачки точки коишто имаат само една оска на ротација (напред-назад) и со тоа ја менуваат бојата од црно во бело и обратно, притоа покажувајќи го точното време.Можат да се закачат на ѕид или едноставно да се постават на каква било рамна површина. Меѓусебе комуницираат безжично и воедно создаваат неверојатно релаксирачко искуство. Часовникот е изработен од страна на Carbon Design Group, којшто планираат часовникот да го развиваат и во иднина.
bas takov casovnik mi treba
i jass sakam takov 4asovnikkk..:)))