Роган Браун е англо-ирски артист кој работи со сложени уметнички скулптури направени од хартија. Тој за својата работа вели:rnrn
„Јас барам шеми и повторувачки мотиви кои се појавуваат низ природните феномени на различни нивоа, од микроскопските до макроскопските, од индивидуални клетки, па сè до огромни геолошки формации.rnrnДел од мојата инспирација произлегува од традиционалните научни цртежи и макетите, а посебно од работата на артистите-научници како што е Ернст Хекел. Но, и покрај тоа што мојот пристап вклучува внимателна опсервација и детални ‘научни’ подготвителни цртежи, тие секогаш се потиснати од имагинацијата; сè мора да биде прекршено низ призмата на имагинацијата, да се извлече и на некој начин да се трансформира.“
rnПогледнете дел од неговата неверојатна уметничка колекција…rnrn













rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
