КАФЕ ПАУЗА

Природни начини да си ги исчистите белите дробови од токсини доколку сте пушач

Природни начини да си ги исчистите белите дробови од токсини доколку сте пушач

Ракот на бели дробови е една од водечките причини за смрт од карцином во светот, а од него најчесто заболуваат пушачите. Токму поради здравствените проблеми, докторите им препорачуваат на пушачите да ги остават цигарите. Меѓутоа, доколку сте пушач, пробајте барем колку можете да го намалите ризикот од заболување од рак.rnrnПриродни начини да си ги исчистите белите дробови од токсини доколку сте пушачrnrnПостојат голем број начини да ги исчистите белите дробови од катранот и токсините и преку тоа да го намалите ризикот од заболување од рак.rn

Пченка

rnПченката содржи бета-криптоксантин, за кој се тврди дека ги штити белите дробови од карцином, бидејќи претставува моќен антиоксиданс.rn

Селен

rnОва е моќен антиоксиданс кој може да се најде во голем број риби како туна, лосос и бакалар, но и во јагнешкото, јајцата и во житарките.rn

Лук и кромид

rnЛукот и кромидот содржат соединенија со антиканцерогено дејство. Тие помагаат во спречувањето на многу болести, а меѓу нив се и инфекциите и ракот на белите дробови.rn

Ѓумбир

rnЃумбирот е уште едно моќно средство за исфрлање на токсините од белите дробови. Можете да пиете чај од корен од ѓумбир кој го олеснува дишењето, а можете и за време на оброкот да изедете по некое парче корен од ѓумбир.rn

Портокали

rnПокрај тоа што се богат извор на витамини, портокалите содржат и криптоксантин, за кој веќе кажавме дека делува превентивно против ракот на бели дробови.rn

Коприва

rnОва зелено растение е полно со железо, но е и многу корисно средство за детоксикација на белите дробови и заштитува од инфекции.rn

Чај од борови иглички

rnОвој чај најчесто служи за плакнење на грлото и устата. Меѓутоа, може да ви биде добар сојузник и во борбата против ракот на бели дробови.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.